Прославениот боксерски шампион Золани Марали починал на 45 годишна возраст откако врз него бил извршен атентат.
Убиството се случило во Јоханесбург во неговата куќа, кога непознат маж влегол во домот и го усмртил.
Иако првично било објавено дека до убиството дошло при грабеж, пријателите на Марали се сомневаат дека убиството е нарачено. Полициската истрага е во тек.
Во кариерата Марали ја освои титулата шампион на Јужна Африка 2002 година, како и четири титули светски првак во три категории.