Убавината на мускулите пред битолчани на Купот на Македонија (ФОТО)

Синоќа во Битола во спортската сала Младост се одржа традиционалниот квалфикационен натпревар во бодибилдинг и фитнес „Куп на Македонија 2018“, на кој Фитнес центарот Магнус од Скопје според постигнатите резултати е најуспешната екипа. Оваа екипа настапи и со најмногу натпреварувачи 12.

„Во текот на утрешниот ден, УО на ББФФМ ќе одржи состанок на кој ќе се разгледа организациски натпреварот и ќе се состави репрезентации кои ќе ја преставуваат Македонија на престојните меѓународни натпревари Европско првенство во Санта Сузана, Шпанија, Дијамантскиот куп на Србија кој ќе се одржи во Чачак од 11до 13 мај и Балканското првенство од 18 до 20 мај во Турну Северин, Романија“, истакна претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски.

Паралелно, на овие настани во Федерацијата течат курсевите за стекнување лиценца и сертификат за бодибилдинг и фитнес инструктор, за да се воведе и направи ред со постоечкиот кадар во клубовите и да се ограничат оние самопрогласени лични тренери кои немаат соодветно стручно образование.

„Федерацијата се подготвува за организирање на првиот Дијамантски куп натппревар, за кој веќе имаме дозвола од страна на Светската федерација и се наоѓа на официјалниот календар на натпревари од значење, а ќе се одржи од 12 до 14 октомври во Скопје. На овој натпревар се очекува учество на околу 350 натпреварувачи од Европа и Балканот“, нагласи Ѓороски.

Победници по категории

Јуниори тинс (до 19 години)

1.Дени Субашевски – БФК Паљо – Битола

Јуниори до 23 год.

1.Горан Тромбев – Фит Алфа – Битола
2.Александар Мирчев – Магнус

Ветерани 40-50 години

1.Владе Станковски – БФК Сити Џим – Битоа

Ветерани над 50 години

1.Зоран Лазаревски – БФК Паљо – Битола

Бодибилдинг лесна до 70 кг сениори

1.Мартин Манасиевски – БФК Магнус – Скопје

Бодибилдинг средна до 80 кг сениори

1.Гоце Мојсоски – БФК Фит Форм – Охрид

Бодибилдинг полутешка до 90 кг сениори

1.Владе Станковски, член на БФК Сити Џин – Битола

Бодибилдинг тешка над 90 кг сениори

1.Борче Стојановски – БФК Сити Џим – Битола

Бодибилдинг класик

1.Зоки Петрески – Атлета 2003 – Скопје

Физик до 178 см висина

1.Бојан Илиевски – БФК Лајф Стајл – Скопје

Физик над 178 см

1.Жарко Донински – Централ џим од Виница
2.Кристијан Донев – Магнус

Физик јуниори до 23 год возраст

1.Стефан Стојановски – БФК Магнус – Скопје

Бикини фитнес – девојки

1.Симона Стојановска – Кан џим – Скопје

Боди-фитнес – жени

1.Катерина Попева – БФК Проект-Фит – Скопје

Фитнес жени

1.Анѓела Ѓелинческа – БФК Магнус – Скопје

 

Велнес жени

1.Кристина Неделкова – БФК Атлета 2003 – Скопје

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО