Шампионот во БЏЏ и ММА, Жилберто Барнс ја посети Бугарија, а таму се сретна со една ѕвезда.
Убавата пејачка Ана-Џи, која од две години сериозно се занимава со ММА не пропушти шанса да се вклучи во тренинг камп на бразилскиот шампион, седум дена утрински тренинзи во ММА, бразилско џиу џицу и борби.
Во почетокот на 2016 година фитнес иконата, Ана-Џи, се подготвува да посети уште два семинари на светски популарни борци кои ќе гостуваат во Бугарија, на Габриел Марангони и Родриго Кавако.