Убава увертира пред олимписките квалификации на Мила Рељиќ – сребрен медал на Турција Г1 опен

Извонреден резултат на нашата најдобра млада спортистка таеквондистката Милијана Рељиќ (-62 кг), освојувајќи го сребрениот медал на едно од најсилните натпреварувања Турција Г1 опен.

Ова е убава увертира пред олимписките квалификации во Софија на почетокот на март.

„Милијана како прва носителка во првото коло беше слободна и ја чекаше подобрата од дуелот меѓу Иранката Хамта Сеједех Хосеини и Турчинката Нур Хава Текташ. Во второто коло Милијана ја победи Нур Хава Текташ со нокаут во втората рунда. Во следното коло Милијана беше поуспешна од уште една Турчинка Бејза Карабулут со 2-1 во рунди. Во 1/4 финалната борба со сретна со уште една турска репрезентативка Гокче Хуру Гоќебакан и неа ја добивме со 2-0 во рунди. Оваа борба беше можеби и најтешка дека е борба за медал, но Милијана покажа извонредна стабилност и концентрација.

Во полуфиналето Милијана се сретна со руската репрезентативкаВикторија Кучина која се бореше под индивидуален неутрален тим. И неа ја победивме со 2-0 во рунди. Три победи над турски репрезентативки во фанатичната Турција на домашен терен и победа на русинка на официјален Г1 турнир каде се собираат поени за олимписка ранг-листа е успех кои можат да се пофалат само светска класа натпреварувачи. Имено, колку е голема конкуренцијата во женското таеквондо во Турција говори податокот дека на последното Државно првентсво на овааа земја само во категоријата на Милијана учествуваа 250 натпреварувачки. А на последната Олимпијада во Токио, само Турција имаше квалификувано женски натпреварувачки во сите женски категории. Финалната борба беше закажана дури во 23:30 часот по локално време поради програмскиот режим на турската национална спортска телевизија која во живо ги емитуваше финалните борби. За жал, не успеавме да ја победиме Хрватката Ивана Арелиќ, после напорниот ден од 07:00 ч. во сала“, вели тренерот Александар Ефтимов.

На Турција Г1 опен, кој се одржува неколку дена, учествуваа над 2000 натпреварувачи, многу од нив, светски и олимписки медалисти.

Ова се нови 7,20 поени за Милијана Рељиќ и голема надеж дека ќе успее да избори норма за Олимписките игри во Париз 2024.

Турција опен:

62 кг
Милјана Рељиќ – Нур Хава Текташ (Турција) 1-0 КО Р2
Милјана Рељиќ – Бејза Карабулут (Турција) 2-1
Милјана Рељиќ – Гокче Хуру Гоќебакан (Турција) 2-0
Милјана Рељиќ – Викторија Кучина (неутрална, Русија) 2-0
Финале
Милјана Рељиќ – Ивана Арелиќ (Хрватска) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО