БорењеДомашна сцена
Убав свадбен подарок во плик за борачот на Вардар

Репрезентативецот во борење и член на БК Вардар, Ахмад Магомедов, доби убав свабден подарок од клубот – 1000 евра.

„Со голема радост и искрена гордост му го честитаме стапувањето во брак на нашиот борач Ахмад Магомедов“, вели претседателот на клубот Љубиша Пешко и додава:
„Нека љубовта биде вашата најголема сила, а заедничкиот живот исполнет со среќа, здравје, почит и бескрајни убави моменти. Заедно – посилни од секој предизвик“.



