ММА борецот Донован Салвато е уапсен откако ги гризнал тестисите на својот цимер по расправија меѓу нив. Салвато може да се пофали со скор од 3-1 за аматери. Тој беше задржан во Тенеси 12 часа.
Полицијата соопшти дека неговата жртва, фотографот Абел Соса, се здобил со скинат скротум покрај повеќе модринки, испукана усна и отечена глава по расправија. Салвато е обвинет за семејно насилство со телесни повреди.
Спорот настана по несогласувањата околу сместувањето на Салвато на адресата на Соса, но без неговото име во закупот. Салвато го удрил Соса по телото и главата, а потоа преку панталоните го гризнал за тестисите.
Донован тврди дека повредите на Соса се последица на тоа што мажите се степале во дневната соба на имотот и удриле во мебел и други предмети. Соса тврди дека на судот ќе му претстави парче кожа што Салвато го скинал од тестисите.