Туркер Исмаил се пласира во полуфиналето на ЕП во кик бокс за јуниори

Денес во квалификациските борби на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Туирција,Туркер Исмаил извојува победа над грчкиот репрезентативец Арапогијанис Панталејмон со 3-0.

Во полуфиналето Туркер ќе се бори со Украинецот Никита Тертишњи, така, во најмала рака, има освоено бронза.

Додека другите двајца наши натпреварувачи Јадранка Темелкова против Дхаене Елеа од Франција и Петар Илковски против Литванскиот кикбоксер Јермолајевс Сергејс ги изгубија борбите.

Резултати:

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина)

-52 кг кик лајт постари кадети
Петар Илковски – Сергејс  Јермолајевс (Латвија) 0-3

-56 кг К-1 постари Јуниори
Јадранка Темелкова – Елеа Даене (Франција) 0-3

-84 кг кик лајт постари јуниори
Нелсон Узеир – Самоил Солера Молина (Шпанија)

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија)

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска – Шкурт Исмајили (Косово)/ Еданур Аџар (Турција) ½ полуфинале

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО