Тупурковски: Спортистите се без помош од државата, се се сведува снаоѓање!

Претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, при приемот на нашите олимпијци за ЗОИ 2018 во Пјоннгчанг отворено кажа дека на македонските спортисти им недостасува поддршка од спортската јавност, не само финансиска, туку и системска.

Според него, тие од старт се чувствуваат потценети и затоа изостануваат резултатите. Утре среда ќе има средба со претставници од државниот врв, на која ќа разговараат за подобрување на состојбите во спортот.

„Нашите спортисти ќе учествуваат на ЗОИ со квалитет кој не е за потценување и може да се респектира, но очигледно учествуваат без потребната поддршка од спортскиот свет кај нас, а посебно државата Македонија. В среда ќе имаме прва можност да продискутираме со новата Влада за состојбите во спортот, ќе ги изнесеме сите проблеми и ќе гледаме да најдеме решенија кои ќе обезбедат подобра иднина, повеќе средства и подобри услови за подготовка. Нашите врвни спортисти понекогаш се чувстуваат потценети, некогаш недоволно помогнати. Колку и да се трудите, колку и да овозможувате, сето тоа се сведува на снаоѓање, а не на некој вистински систем, кој би овозможил да течат работите и да доаѓаат резултати. Затоа јас сум радосен што имаме вакви моменти секоја втора година, било за летни или за зимски ОИ, така што јас им посакувам од се срце успех во Кореја. Тука ќе остане надежта дека ќе имаме поголема поддршка, не само финансиска, туку и системска“, рече Тупурковски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON