Цените на блитетите се знаат, а за обичните смртници ќе нема!

Floyd Mayweather v Manny Pacquiao - Press Conference

Билетите за натпреварот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао се движат од 1.500 до 7.500 долари, објавија организаторите. Се уште не е јасен точниот датум кога највредните парчиња хартија ќе бидат пуштени во продажба, но едно е јасно – обичните фанови да дојдат до карата ќе биде еднакво на подвиг, имајќи го во предвид интересот за мечот на векот.

Како што е познато, средбата е закажана за 2 мај во Лас Вегас, а легендарната сала „МГМ Гранд гарден арена“ е со капацитет за 16.800 гледачи. Многу од билетите ќе бидат подарени на ВИП личности и ѕвезди. Натпреварот се чекаше со години од љубителите на боксот. Прес-конференцијата на двајцата спортисти беше посетена од претставниците на 600 медиуми.

На црниот пазар веќе се нудат билети чија просечна цена е 9.252 долари. Најевтиниот билет на сајтот tiqiq.com во моментов чини 5.000 долари, а најскапиот – 33.410 долари. Емитувањето pay-per-view, исто така ќе биде по рекордна цена. Двата телевизиски канали кои ќе го емитуваат шоуто – Шоутајм и ХБО ја зацемнентираа цената на 100 долари. До сега најскапото емитување беше на натпреварот меѓу Флојд Мејведер и Сол Алварез во 2013 година, кој се продаваше за 74.99 долари.

Мејведер (37), носител на шампионските појаси во верзиите ВБА и ВБЦ, носител на титулите во пет тежински категории. Тој има 47 победи на профирингот (28 со нокаут) и ниту еден пораз. Мани Пакијао (35), пак, е светски шампион на ВБО во категорија до 66,7 кг. Тој има 57 победи (38 со нокаут), 5 порази и 2 нерешени. Во последниот натпревар на 23 ноември тој го победи Американецот, Крис Алгиери, со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON