Трпаноски и Мојсоски се заложија за воведување на џудото во училиштата

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, на Светскиот ден на џудото (28 октомври), имаше работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

На средбатае во рамките на кампањата „Заедно посилни“ се дискутирани можностите за заедничка соработка и проекти во следниот период, меѓу кои од најголемо значење епроектот за воведување на џудото во училиштата. Оваа идеја веќе неколку години постои, но не се реализира.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојососки, изразил целосна поддршка и најавил интензивирање на соработката помеѓу Џудо федерацијата и Агенцијата за млади и спорт.

Трпаноски на директорот на Агенцијата за млади и спорт му доделил благодарница за неговото учество во одбележувањето на Светскиот ден на џудото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО