Тројцата мускетари: Митров, Зубаиров и Нуров утре се борат за олимписка виза (ФОТО)

Mitrov, Zubairov i Nurov vo Istanbul 2016

Тројца македонски борачи се појавија на денешното мерење во Истанбул-Турција, на последниот кавлификациски турнир за Олимписките игри во Рио.

Мерењето го поминаа успешно Дејан Митров (-65 кг), Халил Зубаиров (-86 кг) и Магомедгаџи Нуров (97 кг), така што отпаднаа можностите за настап на Јасин Реџелари, Елмедин Сејфулаху, Бобан Данов, за кој уште од порано беше јасно дека нема да усчетвува на квалификавциите, а Лабазан Аскерниев, како и во Монголија, не е во составот поради поголемата килажа.

Zubairov i Nurov vo istanbul 2016

Утре нашите борачи се среќаваат со:

65 кг Дејан Митров – Борислав Новачков (Бугарија)

86 кг Халил Зубаиров – Георгита Стефан (Романија)

97 кг Магомедгаџи Нуров – Атила Шмик (Унгарија).

Само финалистите се стекнуваат со виза за Рио.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON