Кикбоксерите жнееја медали на „Балкан опен 2016“ во Тешањ

Nenad Manojlovski na SP Belgrad

Филип Наковски (-84 кг) го освои златниот медал, Ненад Манојловски (-69 кг) го освои сребрениот медал, а Бајром Рамадани (-69 кг) бронзениот, додека со сребрен се закитија и Таки Гогов (-89 кг) и Стефанија Тодорова (-60 кг)  во лајт кик во сениорска конкуренција на Меѓународниот турнир на „Балкан опен 2016“ во Тешањ-Босна и Херцеговина.

Kik boks vo Tesanj 2016

Димитар Ѓоргиев (-81 кг) го освои бронзениот медал во лоу кик.

Hadis Ramadani so medal od Tesanj 2016

Јуниорот Хадис Рамадани (-67 кг) е прв во лоу кик

Викторија Варадинова (-60 кг) го освои првото место во лајт контакт во конкуренција на постари кадети. Таа беше подобра од Наида Мухиќ од Б и Х, а во кик лајт е втора.

Viktorija Varadinova spaga

 Дарко Најдов (-63 кг) е трет во кик лајт за постари кадети, како и Астрит Ејупи (-57 кг). Во оваа конкуренција Јована Арсова (-55 кг) го освои златниот медал, по победата над Марина Лончар од КБК Имотски.

Во јуниорска конкуренција златен медал во оваа дисциплина освои Дурам Асани (-84 кг), со победата против Срџан Вучковиќ од КБК Рудар. Михаил Димитров (-57 кг) и Азрет Зекири (-79 кг) се зкаитија со сребрен, однонсо бронзен медал. Јуниорката Софијана Марковска (-60 кг) е втора.

На турнирот настапија 455 натпреварувачи од 12 земји, а нашите кикбоксери настапија како ВАКО Македонија.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО