Тројца натпреварувачи на Максам фајт од Прилеп на 25 септември во Белград ќе учествуваат на ММА настанот „Теогенес изазов“.
Боите на Максам фајт ќе ги бранат Виктор Нестороски (-70 кг) во групата над18 години. Досега има две ММА борби, а на борбите с евраќа по подолга пауза. Давид Шапуриќ (-93) до 16 години, ова ќе му биде прва борба. Христијан Тасески (-70 кг, 16 години) со три аматерски борби досега.
Борбите ќе бидат по аматерски и семи про правила.
„Очекуваме добра организација, добар настап на нашите борци и се надеваме на победи. Конкуренцијата е голема и силна, но ние сме оптимисти. Подготвени сме, категориите и физичката спремност се темпирани за натпреварот,останува да се добро да се бориме и да имаме среќа. Престојот во Белград ќе го искористиме и за нови контакти и нови соработки и следни активности со тамошните клубови и тренери“, вели тренерот Пеце Ангелески.
Пријавени се околу 20 клубови од Србија, меѓу кои може да се прочитаат многу квалитетни и популарни имиња.