На Меѓународниот боксерски турнир „Златна мимоза“ во Хецег Нови, Црна Гора, на 4 март Македонија ќе настапи со тројца боксери – Лулзим Исмаили, Јасин Лама и Лулзим Бајрами.
На турнирот ќе учестуваат боксери од 11 земји, како: Русија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Косово, Хрватска, Италија, Шведска, Албанија, Словенија и Србија.
„Очекувам добри резултати, знаејќи го кавлитетот на тројцата боксери“, вели тренерот на БК Шкупи и на репрезентацијата, Насер Харуни.
Ipon.mk/В.Д.