Тројца боксери ќе учествуваат на Јуниорскиот национален куп во Врбас

Тројца македонски боксери ќе настапат на 3.Јуниорски национален куп во Врбас, Србија. Боите на нашата земја ќе ги бранат Илхан и Ајхан Озмен од БК Универзалци и Адријан Аземи од БК Шкупи.

Репрезентативците ќе ги водат тренерите Васко Цубалевски и Насер Харуни. На Купот ќе патува и судијата Стефан Цубалевски.

На турнирот во Врбас од 14 до 18 август ќе настапат 187 боксери (137) и боксерки (50) од 22 земји    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО