АктуелноБоксДомашна сцена
Тројца боксери ќе настапат на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар

Од 7 до 18 јули во Нови Пазар, Србија, ќе се одржи Европското првенство во бокс за јуниори под покровителство на ЕУБЦ.
Македонија ќе настапи со тројца боксери.
Нови Пазар ќе биде домаќин на над 200 машки и женски боксери од над 20 земји во 13 тежински категории.
Златибор е база на српски, шпански. на ерменски, црногорски и македонски јуниори пред ЕП во Нови Пазар. Нишиот тим на подготовки е составен од кадети и јуниори, и тоа: Сонер Ајрушов, Кирил Рајков, Шаин Реџеповски, Џан Биљали, Иса Бајрам, Ануар Имери, Петар Трајчески, Михаил Аврамовски и Арабел Рустемовски.



