Трофејот на „Штипски боречки асови“ за Ненад Панов, а Бесар Алими е најдобар техничар!

stipski-asovi-grupna-slika

Носител на трофејот Меѓународниот турнир во борење „Штипски боречки асови“ е борачот на Балканец, Ненад Панов, кој остави најдобар впечаток, најдобар техничар е Бесар Алими од Лирија, додека најдобра странска екипа е Петрич од Бугарија.

stipski-asovi-zagrevanje
На вториот Меморијален меѓународен турнир во борење за пионери и кадети вчера во Штип учествуваа борачи од речиси сите клубови во Македонија, Бугарија и Косово.

sande-kocev-so-pobednici-na-stipski-asovi-2016

„Според бројот на учесниците, овој турнир може да влезе и во книгата на рекордите за Гинис. Во Штип продефилираа за еден ден преку 160 учесници. Ваква масовност на борачи на едно место одамна не е забележана во Македонија, па и пошироко. Овој турнир покажа дека сепак со оптимизам во иднина треба да ги очекуваме резултатите на борачите.Организацијата беше беспрекорна. Браќата Виктор и Дејан Богданови заслужуваат само честитки за организацијата и приемот на сите учесници“, велат организаторите, БК Балканец.

pobednici-na-stipski-asovi-2016

И уште еден раритет за нашите прилики, салата беше затоплена.

Инаку, турнирот се организираше во знак на сеќавање на покојните боречки асови на Балканец, кои донесоа многу медали на клубот, но и афирмација на Штип и Македонија.

bogdanovi-zoran-sorov-dejan-mitrov-2016

На турнирот учествуваa вкупно 117 борачи од 12 клубови, од коi 8 клубови од Македонија и тоа: БК Балканец од Штип, БК Бучим од Радовиш, БК Лирија, БК Тефејуз, БК Студеничани и БК Вардар сите од Скопје, БК Неготино од Неготино и БК 7 Мај Леов од Прилеп, два клуба од Бугарија БК Петрич и БК Катунци и два клуба од Косово -БК Призрен и БК Џеват Бенша.

najdobrite-na-stipski-asovi-2016

Жени 3 учесници
1. Барбара Стојкоска (7 Мај-Прилеп)
2. Марија Неделковска (Вардар-Скопје)
3. Стефани Николовска (Неготино-Неготино)

26 кг. (родени 2008 година) 5 учесници
1. Совран Шабанај (Призрен-Косово)
2. Абдула Џемаили (Лирија-Скопје)
3. Ристе Ставрев (Бучим-Радовиш)

30 кг. (родени 2008 година) 3 учесници
1. Роберт Велков (Неготино-Неготино)
2. Суад Шабанај (Призрен-Косово)
3. Леон Стојанов (Балканец)

34 кг. (родени 2008 година) 1 учесник
1. Јован Балабанов (Балканец-Штип)

35 кг. (родени 2005-2007 година) 16 учесници
1. Омер Мемеди (Лирија-Скопје)
2. Рамадан Рамадани (Студеничани-Студеничани)
3. Мите Јосифов (Бучим-Радовиш)

42 кг. (родени 2005-2007 година) 8 учесници
1. Шакир Бислими (Тефејуз-Скопје)
2. Алекс Кисов (Катунци-Бугарија)
3. Христо Тогулев (Петрич-Бугарија)

50 кг. (родени 2005-2007 година) 5 учесници
1. Димитар Харалампиев (Петрич-Бугарија)
2. Енис Бајрами (Лирија-Скопје)
3. Огњан Шутов (Петрич-Бугарија)

58 кг. (родени 2005-2007 година) 1 учесник
1. Кристијан Славевски (Вардар-Скопје)

30 кг. (родени 2003-2004 година) 8 учесници
1. Стефан Штерјов (Балканец-Штип)
2. Луан Нрецај (Призрен-Косово)
3. Стефан Стојаноски (7 Мај-Прилеп)

35 кг. (родени 2003-2004 година) 4 учесници
1. Бесир Алили (Лирија-Скопје)
2. Никола Трајчев (Балканец-Штип)
3. Петар Насески (7 Мај Леов-Прилеп)

38 кг. (2003-2004 година) 4 учесници
1. Ненад Панов (Балканец-Штип)
2. Зуљкуфли Асани (Лирија-Скопје)
3. Ендрит Тигај (Призрен-Косово)

42 кг. (родени 2003-2004 година) 6 учесници
1. Окан Мамудов (Балканец-Штип)
2. Авди Јашари (Студеничани-Скопје)
3. Бетим Рамадани (Лирија-Скопје)

56 кг. (родени 2003-2004 година) 5 учесници
1. Мартин Костадинов (Бучим-Радовиш)
2. Фадил Назифов (Балканец-Штип)
3. Стефан Димитров (Бучим-Радовиш)

85 кг. (родени 2003-2004 година) 7 учесници
1. Мухамед Рамадани (Лирија-Скопје)
2. Меркан Бислими (Лирија-Скопје)
3. Трајче Јованов (Бучим-Радовиш)

54 кг. (родени 2002 година) 9 учесници
1. Аид Салихаси (Тефејуз-Скопје)
2. Филип Тасев (Балканец-Штип)
3. Арбен Абази (Студеничани-Скопје)

54 кг. (родени 2000-2001 година) 3 учесници
1. Земри Авдили (Студеничани-Скопје)
2. Идриз Идар (Тефејуз-Скопје)
3. Мартин Стојанов (Балканец-Штип)

58 кг. (родени 2000-2001 година) 6 учесници
1. Давид Мишев (Балканец-Штип)
2. Арјанит Балај (Призрен-Косово)
3. Арсим Бекировски (Студеничани-Скопје)

60 кг. (родени 2000-2001 година) 3 учесници
1. Зеид Фуга (Лирија-Скопје)
2. Благој Спасов (Балканец-Штип)
3. Филип Стојков (Балканец-Штип)

76 кг. (родени 2000-2001 година) 8 учесници
1. Кирил Прцев (Петрич-Бугарија)
2. Петар Тодев (Балканец-Штип)
3. Увејз Фејзула (Лирија-Скопје)

54 кг. (родени 1998-1999 година) 1 учесник
1. Џан Демиров (Балканец-Штип)

69 кг. (родени 1998-1999 година) 5 учесници
1. Јане Буровски (Неготино-Неготино)
2. Мартин Ѓоргиев (Петрич-Бугарија)
3. Штерјо Ѓоргиев (Петрич-Бугарија)

85 кг. (родени 1998-1999 година) 6 учесници
1. Рамадан Мустафовски (Тефејуз-Скопје)
2. Благоветс Троичев (Катунци-Бугарија)
3. Буњамин Нуиши (Тефејуз-Скопје)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО