Трофејот „Киро Ристов“ за Александар Стојанов од Балканец

Aleksandar Stojanov Balkanec

Трофејот „Киро Ристов“ го освои борачот на Балканец,  Александар Стојанов. За најдобар техничар беше прогласен Серхан Шакиров, а за најперспективен борач Дарко Иванов, сите од Балканец.

Првите места  во категорите од 54 до 100 кг ги освоија: Озган Кариманов, Александар Стојанов, Серхан Шакиров,  сите од Балканец, Борислав Геров- Бугарија,  Киријадис Тодорос и Цандикатис Александрос од Грција и Ѓорѓи Пешут од Србија.

На јубилејниот 20 по ред Меморијален турнир во борење за кадети „Киро Ристов“ учествуваа борачи од 4 држави: Македонија, Србија, Бугарија и Грција, со околу 50 натпреварувачи, во Штип.

 На турнирот присуствуваа пратениците Трајче Димков и Никола Мицевски, градоначалницитена Штип, Карбинци и Облешево – Илчо Захариев, Зоран Минов и Николче Личков, како и  претседателот на Федерацијата за боречки спортови- Чедо Николовски, екс селекторот Насе Насев, трикратниот олимпијец, Зоран Шоров  и семејството на Киро Ристов- сопругата Матилда и ќерките  Танја и Дејана.

Балканец ветерани.
Балканец ветерани.

Пред почетокот на турнирот делегации на Балканец и на Србија, Бугарија и Грција положија букети цвеќиња на гробот на великанот, Киро Ристов. Балканец издаде и монографија посветена на ликот и делото на Киро Ристов.

Во спортската сала „Јордан Мијалков“, учесниците и гостите ги поздрави пратеникот Трајче Димков, поранешен боречки ас, носител на првиот трофеј, „Киро Ристов“ 1994 год. Турнирот го отвори градоначалникот  примариус м-р Илчо Захариев,кој го истакна значењето на боречкиот спорт не само за Штип, туку и за Македонија, за што зборуваат и медалите освоени на најзначајните спортски приредби.

Беа доделени и признанија за придонесот во боречкиот клуб на семејството Ристови, градоначалниците на Штип и Карбинци  Илчо Захариев и Зоран Минов, претседателот на Советот на општината Штип Влатко Миташев, Ректорот на УГД Саша Митрев,пратеникот Трајче Димков, новинарот Кирил Манев,како и на Ристе Шалев, Шенај Османов, Горан Стојанов, Марјан Лазаров од БК Балканец.

Организацијата на турнирот беше беспрекорна . Организаторот најави дека ке се кандидира и за домаќин на „Македонски бисер“ идната година, кога Балканец ја одбележува и 55 годишнината од своето постоење.

   ipon.mk/ K.Манев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО