АктуелноБразилско џиу џицуДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Дарко Лукач во првиот настап освои бронзен медал
Дарко Лукач од клубот Игор ММА од Битола на Меѓународниот турнир „Књажевац опен интернешнал“ во бразилско џиу џицу го освои третото место во категоријата до 64 килограми-бел појас. Треба да се нагласи дека на Лукач ова му прв спортски натпревар.
На турнирот учествувале натпреварувачи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија.Имало квалитетни борби, бидејќи поголем дел од натпреварувачите се подготвуваат за европското првенство.





