Македонскиот супер талент за боречки спортови денеска ја зпочна годината триумфално. Тој на кик бокс турнирот „Мителрхајн куп“ во Нојвид, Германија го освои првото место во лајт контакт во категоријата до 25 килограми.
Во неговата категорија имало четири натпреварувачи-деца, а Воденски забележал две победи, кои му го обезбедија првиот триумф во оваа година. Тој ги совлада Паул Шредер и Арон Валорчик.