Триесет и две години Македонски Олимписки Комитет

На 20 март 1992 година, на иницијатива на Националните спортски федерации на Македонија и на одреден број на истакнати спортски работници, во хотелот Гранд – Скопје (сегашен Холидеј Ин), формиран е МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ.

МОК ја одвива својата активност преку своите органи и тела меѓу највисоки се Собранието и Управниот одбор. Во ширењето на олимпизмот има востановено повеќе традиционални Олимписки манифестации и приредби од спортски, културен или хуманитарен карактер.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА МОК СЕ

• Подготовка и учество на спортистите од Република Северна Македонија на Летните и Зимските Олимписките игри
• Развој и ширење на олимпиското движење во Република Северна Македонија
• Почитување на Олимписката повелба
• Ширење на основните принципи на Олимпизмот преку активности и програми кои се реализират во рамките на образовниот и културниот живот
• Развој на врвниот спорт
• Развој на меѓународна соработка во областа на спортот
• Грижа за здравјето на спортистите, посебно почитувајќи го медицинскиот код на

Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција

ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Покрај учеството на летните и зимските Олимписки игри и Европските игри (2015, 2019, 2023), МОК ги организира и настапите на младите македонски спортисти на Младинските олимписки игри, летни и зимски (МОИ). Да потсетиме, првите летни МОИ се одржаа во Сингапур 2010, Нанџинг 2014, Буенос Аирес 2018, а првите зимски МОИ се одржаа во Инсбрук (Австрија) 2012, Лилехамер 2016 и Лозана 2020.

МОК е полноправен член и на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри и врз основа на оваа привилегија и обврска, нашите најдобри спортисти учествуваа на Медитеранските игри во Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022.

Во Скопје, во перидот 20-26 јули 2025 година ќе се одржат 18-те Европски младински Олимписки игри кој е прв мулти спортски настан од овој вид во нашата држава.

Првото учество на спортисти од Македонија на летните олимпијади е врзано за австралиското копно, односно во Мелбурн 1956. На ОИ Барселона 1992 година, македонските спортисти настапија со статус – независни учесници бидејќи МОК се уште не беше примен како полноправен член на ИОК, па оттука ЛОИ Атланта 1996 е првата нивна олимпијада под знамето на Република Македонија. Што се однесува до зимските олимписки игри, првото учество на македонскиот олимписки тим е врзано за Нагано 1998 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО