Три златни медали за Јапонките на ОИ во борење, четврти за Очо

Icho Japonija 4 zlaten na OI borenje

Јапонките Каори Ичо, Еси Тосака и Сара Дошо имаа историски ден на Олимписките игри освојувајќи три шампионски титули. Ова беше посебен ден за јапонското женско борење, Ичо стана првата спортистка со четвртиот златен медал од Олимпијадите.

Ичо ја победи Русинката Валерија Коблова Жолобова во категоријата до 58 килограми. Ичо, која е 10-кратна светска шампионка доби два поени за победа на само пет секунди пред крајот на мечот.

Ичо во јануари го доживеа првиот пораз по 13 години, откако шампионката во 63 килограми од 2004, 2008 и 2012 загуби од монголската студентка Орхом Пуревдорж. Но, противниците на Олимпијадата беа лесен залак.

sara dosho japonija

Слободен стил – жени 69 кг

1.Сара Дошо (Јап)

2.Наталија Воробева (Рус)

3.Ана Џени Франсон (Шве)

3.Елмира Сиздикова (Каз)

58 кг

1.Каори Ичо (Јап)

2.Валерија Коблова Жолобова (Рус)

3.Марва Амри (Тун)

3.Сакши Малик (Инд)

eri tosaka japonija

48 кг

1.Ери Тосака (Јап)

2.Марија Стадник (Азе)

3.Јанан Сун (Кин)

3.Елица Атанасова Јанкова (Буг)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО