Џудо клубот Сеишин од Прилеп вчера освои седум медали Државното првенство за сениори во Кавадарци.
Сеишин настапи со 9 натпреварувачи (8 во машка и 1 во женска конкуренција) и освои 3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал.
Поединечно резултати
Сениори:
- Мартин Тодорчески -60 кг златен медал
- Даниел Велески -60 кг сребрен медал
- Диме Ивчески -66 кг сребрен
- Христијан Ѓураков -73 кг сребрен
- Владимир Талески -81 кг. златен
- Јове Божиноски +100 кг златен
Сениорки:
Александра Најдоска +78 кг бронзен медал.
Сеишин е најефикасен во машка конкуренција со освоени 3 златни медали од седум тежински категории.
На ова Државното првенство настапија вкупно 8 клубови со околу 60 натпреварувачи.