Натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија три сребрени медали на Меѓународниот џиу џицу турнир „Марибор опен“ во Марибор, Словенија.
Медалите ги освоија Јован Николиски, Димитри Радев и Данил Николиски.
„Можевме и повеќе да постигнеме, но можеби овој пат ни фалеше малку и спортска среќа“, вели тренерот Виктор Велинов и додава: „Честитки за прикажаните борби и за храброста која Јован И Димитри ја имаа да дојдат сами на турнир на 7 И 8 години, 1000 км далеку од дома. Секоја чест. Браво“!