Три победи на Берат Јакупи на олимписките квалификации и несреќен пораз

Берат Јакупи извади максимум на квалификациите во Париз за Олимписките игри во Токио, извојувајќи три победи, за да изгуби минмално од Унагрецот Молнар 0-1. Штета за македонското карате, бидејќи Јакупи ќе се пласираше во четвртфиналето, а сега ќе треба да се надева на репасаж, ако Молнар се пласира во финалето.  

Берат ги совлада Брајан Ир (САД) 3-0, Никола Маловиќ (Црна Гора) 1-0
и Георгиос Цанос (Грција) 5-0.

Ангела Мојсовска ги заврши квалификациите со една победа и пораз.

Квалификации за Олимписките игри во Токио – Париз:

-55 кг
Симона Заборска – Јамила Бенитез (Аргентина) 0-1

-61 кг
Вероника Костовска – Кристина Мах (Австралија) 6-0
Вероника Костовска – Ана Ленард (Хрватска) 0-1

+61 кг
Ангела Мојсовска – Еми Томасон (Нов Зеланд) 9-3

Ангела Мојсовска – Фортеса Орана (Косово) 0-6

-67 кг
Емил Павлов- Салиу Диуф (Сенегал) 1-1
Емил Павлов – Султан Алзахрани (Саудиска Арабија) 1-4

-75 кг
Петар Заборски – Реза Никбаш (Канада) 1-0
Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 1-2

+75 кг
Берат Јакупи – Брајан Ир (САД) 3-0
Берат Јакупи – Никола Маловиќ (Црна Гора) 1-0
Берат Јакупи – Георгиос Цанос (Грција) 5-0
Берат Јакупи – Даниел Молнар (Унјгарија) 0-1

Кати
Пуликсенија Јованоска во четвртата група со 11 натпреварувачки доби оценка 21,86 и е седмопласирана во групата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON