На Mеѓународниот турнир „Арангеловац опен 2015“ каратистите на Јошитака од Скопје освоија еден златен медал и два сребрени.
Дарин Омерагиќ во кати, сини појаси, 2005 година го освои првото место, а во кумите во категоријата до 40 килограми второто место. Со сребрен медал од Арангеловац се врати и Едвин Омерагиќ во категоријата над 55 кг, родени 2002 гоидна.
На турнирот учествувале 860 каратисти.