Три бронзи за македонските кикбоксери на ВАКО Европскиот куп Сараево опен, жетвата на медали е утре

Во денешните борби на ВАКО Европскиот куп Сараево опен македонските кикбоксери освоија три бронзи.

Со медали се закитија:

Медин Ахмети во лоу кик за сениори -71 кг

Павел Стојчевски во поинтфајт за  јуниори -69 кг

Викторија Спасеска во поинтфајт за млади кадети -32 кг.

Сепак, она вистинското е утре, се очекува голем број на медали.

Нашата репрезентација е составена од 60 натпреварувачи со 64 натпреварувачки влезови, тренери, судии и организациски тим од 13 македонски кикбокс клубови членки на КМФМ.

На овој престижен кикбокс натпревар учество ќе земат 583 кикбоксери со 751 натпреварувачки влезови од 15 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО