Утре се очекува жежок состанок на карате тренерите по тренингот на државната репрезентација за Европското првенство, а кој го свикуваат тренерите на репрезентацијата во кумите-сениори Сашко Арсовски и кати – сениори Стојан Андриевски.
Покрај репрезентативците на тренингот се поканети и следните натпреварувачи: Мартин Несторовски, Фаик Весели, Столе Смилковски, Димитар Илиевски, Ненад Келебиќ, Наташа Стефановска, Моника Стефановска, Бојана Манева, Сара Радичевска, Доан Османи, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски и Азис Исмаил.
Тренингот и состанокот ќе се одржат во 10 часот во ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје.
По тренингот, а согласно со одлуките на Извршниот одбор, следува состанокот со тренерите, на кој ќе се расправа за:
-одредување на предлози за критериуми за настап на Светското првенство;
-одредување на предлог за распределување на награди на тренери на државни репрезентации и клупски тренери;
-разгледување на предлог-барањето на тренерот на КК Металург, Мирче Јанушевски, во врска со новонастанатата ситуација во категоријата до 75 килограми- кумите машки;
-разгледување на предлогот на тренерот на државната репрезентација на Македонија во кумите, Сашко Арсовски, да му се дозволи на Мартин Несторовски да биде дел од државната репрезентација во екипна конкуренција во кумите;
-разгледување на предлогот на тренерот на државната репрезентација во кати за сениори Стојан Андриевски, наместо Маријана Димоска, која најавика недоаѓање на Европското првенство, да настапи второпласираната Пулексенија Јованоска.
Ipon.mk