Тренерот Усик: Шкембарот Фјури се плаши и не потпишува!

Тренерот на украинскиот боксер Александар Усик, Сергеј Лапин изјави дека борбата на неговиот штитеник со Тајсон Фјури за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија се уште не е официјално објавена.

За жал, преговорите очигледно се движат со бавно темпо. Џон Фјури неодамна откри дека персоналот на Усик сакал да земе повеќе пари отколку што заслужуваат. Сакаа големо парче од колачот, иако не го заслужија.

Борбата се очекува да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај. Лапин тврди дека Фјури се однесува строго, но очигледно е исплашен и не сака да го потпише договорот.

„Излегува дека големиот Тајсон Фјури, висок 210 сантиметри, со сета сила ја избегнува борбата со Александар Усик, иако вели дека не избегнува никого.

Тајсон го нарекува Александар зајак и средна категорија, но Саша е подготвен да докаже дека е најдобар тешкаш. А Фјури очигледно ја изгуби и храброста, и пенкалото да го потпише договорот.

Чекаме договор, се зависи од желбата на Фјури. Александар веднаш рече дека е подготвен да се бори во секое време и каде било.

Но, очигледно, шкембарот Фјури го гледа Усик како преголема закана“, изјави Лапин за Сејф бетинг сајтс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО