Борецот во велтер категорија Камару Усман се уште е на првото место на ранг-листата на УФЦ Паинд фор паунд, додека втор останува Александар Волкановски кој минатиот викенд го победи Макс Холовеј.
Тренерот на Александар, Јуџин Бареман, беше пресреќен од настапот на неговиот борец и смета дека Волкановски во овој момент заслужил да биде најдобар на светот.
„Пред средбата разговаравме за тоа како треба да биде подобар од Макс во секоја рунда, но навистина не очекував да биде толку убедлив. Добро го познавам Алекс, но сега ме изненади“, изјави главниот тренер на Градската кикбокс сала Јуџин Бареман и додаде:
„Кога мислам дека ова е неговиот врв, тој го подигнува на повисоко ниво. Неговиот настап против Макс беше одличен. Алекс е најдобр паунд фор паунд борец во светот“.
Александар Волкановски со третата победа ја заврши трилогијата против Макс Холовеј.