Џон Џонс им порача на Нгану и Адесања: Никогаш нема да бидете подобри од мене

Сè уште го чекаме дебито на Џон Џонс во тешка категорија. Веќе поминаа повеќе од две години од последното појавување на еден од најдобрите ММА борци.

„Боунс“ последната борба ја имаше во февруари 2020 година, кога со едногласна одлука го победи Доминик Рејс и ја одбрани титулатаво полутешка категорија.

Американскиот борец е многу активен на социјалните мрежи, а по последниот настан на УФЦ, погледна во ноктите на Израел Адесања, кој по не толку импресивен настап го победи Џаред Канониер и го одбрани појасот во средна категорија.

„Брате, не можам да престанам да размислувам за тоа. Како мислеше да му се заканиш на Алекс со тие светкави нокти? Ми даде за размислување“, напиша Џон Џонс во пораката на Твитер.

Адесања не сакаше да коментира на оваа тема, но во негова одбрана излезе шампионот во тешка категорија Френсис Нгану, кој би можел да биде следниот противник на Џонс.

Секако, прво треба да почека Камерунецот да ја залечи повредата по операцијата. Но, се уште постои можност „Коски“ да се бори против Стипе Миочиќ за привремениот шампионски појас.

„Додека Џонс само седеше и разговараше, Изи пет пати ја бранеше титулата. Честитки за шампионот“, напиша Френсис Нгану.

По некое време Џонс му одговори на Нгану.

„Погледнете како Френсис ја брани Елса, колку е слатко. Би можел да паузирам уште две години и заедно никогаш нема да бидете подобри од мене“, напиша Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО