Тренерот на Вајлдер: Ја прифативме подлебата на парите – доаѓаме во Британија

Тренерот на Вајлдер Џеј Дејс, кој со Ал Хејмон и Шели Финкел ја водат кариерата на ВБЦ шампионот велат дека не им е проблем да дојдат до Велика Британија.

Вајлдер веќе се бореше надвор од САД, па дури и во Велика Британија. Во 2013 година во Шефиделд го нокаутира олимпискиот победник Одли Харисон во првата рунда, а три пати боксираше во Мексико.

„Испратија предизвик, ние го прифативме“, изјави Дејс за The Tuscaloosa News.

„Во ова не влегуваме со его. Се вложуваме во тоа да ја договориме борбата. Се согласивме на борба во Велика Британија. Се согласивме на поделба на парите на 60-40 отсто во корист на Ентони Џошуа, под услов бројките да бидат обратни за реваншот ако Дионтеј победи, што секако и го очекуваме тоа. Двете страни сакаат клаузула за реванш“.

„Значи, да не почнуваме од нула, ова може брзо да го завршиме“.

Дејс, исто така, ги отфрли тврдењата дека Вајлдер во следната борба ќе се сретне со Доминик Бризил.

„Посветени сме на оваа цел и ќе направиме се што можеме за да дојде до борбата. Не бараме ништо. Само сакаме оваа борба да стане реалност. Не многу прилики за борба како оваа и кога ќе се појави ваква шанса не сакаме да ја пропуштиме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО