Тренерот на репрезентацијата во кати Стојан Андриевски вели дека наводите на Тодор Неделковски се неточни и лажни

Тренерот на репрезентацијата во кати на Македонија Стојан Андриевски ги демантира наводите на родителот на репрезентативецот Александар Неделковски, Тодор Неделковски објавени во Ipon.mk на 11 јануари во врска со настапот на Гран при Кроација во Самобор, Хрватска, (Таткото на Александар Неделковски: Договоривме добро сметсување – доби нешто со паравани и се смрзна, а треба да се натпреварува за репрезентација…) и ги отфрла како неточни и лажни, односно измислица, бидејќи во животот не згрешил на ниту еден каратист.

„Се е регуларно, ништо не е направено без мое знаење. Тој ме замоли да отиде кај негов пријател кој живее на 15 километри од Самобор, а и самите констатиравме дека во хосетлот има галма. Александар рече дека не може да се натпреварува во такви услови. Не е точно дека било ладно, напртив беше топло и убаво загренао. Се согласивме дека е галама и дека е подобро да замине кај пријателот со моја дозвола. Сведоци на тоа се поранешниот тренер на сениорската репрезентација во борби Пеце Белистојановски и тренерот на Олимпик Кристијан Младеновски.

Во однос на плаќањето се  му беше платено од Федерација, а за вечерите што ги немаше во менито му беа дадни 20 евра. Бидејќи тој е првак во јуниорска конкуренција Карате федрацијата на Македонија му ја плаќа ктоизацијата во категоријата во која победил на Државното првенство. По негова желба сакаше да се натпреварув и во сениорска конкуренција, а тоа си го плаќа клубот за кој настапува. Не е точно дека сум барал да се натпреварува за репрезентација, затоа што таму не настапуваше нашата репрезентација туку клубови. Јас сакав да имам увид во неговата моментална подготвеност пред Европскотио првенство во Данска на почетокот на февруари, бидејќи тој е стипендист и има ваучер од Агенцијата за млади и спорт (АМС), а за што, јас како тренер на репрезентацијата, направив програма за него каде и како ќе ги користи средствата“, изјави тренерот на репрезентацијата за кати Стојан Андриевски.

Тој  посочи дека, иако обврска е сите да се вратат заедно, на одговорност на неговиот тренер од КК Металург, не се вратил со другите натпреварувачи и останал во Загреб уште некој ден.

Андриевски потенцира дека се е измеслено и лага, единствен недостаток на хостелот бил тоа што имал само едно ве-це, а имало повеќе каратисти, над 20.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON