Таткото на Александар Неделковски: Договоривме добро сметсување – доби нешто со паравани и се смрзна, а треба да се натпреварува за репрезентација…

Александар Неделковски на Гран при Кроација е пријавен од матичниот клуб Металург, но по инсистирање на тренерот на репрезентацијата во кати Стојан Андриевски тој да се натпреварува под репрезентативна капа и да биде предводен од него, Матичниот клуб Металург го дозволи тоа, иако ги има платено сите негови трошоци за учество на карате турнирот во Самобор, Хрватска. Ова ни го обајсни родителот на Александар кој се јави до нашата редакција, но…

„Тренерот ни вети дека се ќе му биде платено и дека ќе биде сметен како што треба, дури, ако е потребно, ќе го земе со себе во соба, за да може да се одмори и да биде концентриран за настапот, затоа што прв пат ќе се натпреварува во сениори, иако е се уште јуниор и има само 16 години. Поради ова се согласив и јас како родител кој инвестира во него да го води репрезентативниот тренер. Но, кога утрово се слушнав со Александар, тој ми кажа дека не е сместен како што беше договорено, бидејќи бил оставен во некое сместување со паравани, каде што се смрзнал, а репрезентативниот тренер со неговите тројца натпреварувачи од клуб заминал во подостоинствено сместување. Прашањето е, како родител, како може кога оди како репрезентативец да биде одвоен од другите? За среќа, што неговиот тренер Мирче Јанушевски беше таму и Стефан Цветановски, мој пријател, го земаа син ми и го сместија како што доликува, за да може да се натпреварува. Ќе нагласам дека Александар има само 16 години“, вели Тодор Неделковски, татко му на Александар.

Ќе се обидеме да го добиеме и ставот на тренерот на репрезентацијата за тврдењата на Неделковски.

Ipon.mk

print