Тренерот на Мекгрегор: Хабиб се прејаде гиро (ВИДЕО)

Тренерот на Конор Мек Грегор – Џон Каванаг, го зеде на заб еден од потенцијалните ривали на Ирецот – Хабиб Нурмагомедов.

Русинот влезе во болница непосредно пред мечот со Тони Фергусон, а поради тоа беше откажан. Средбата требаше да се одржи на 4 март, а победникот требаше да си замине со времената титула на УФЦ во лесна категорија.

„Сметам дека Хабиб се прејаде со гиро“, се пошегува Каванаг и додаде: „Прогнозирав победа за Хабиб. Можеби ќе имаше проблеми, но и покрај ќе се справеше со Тони. Не мислам дека ниту еден од двајцата може да му направи проблеми на Конор“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON