Тренерот на Мек Грегор си ја заложува душата за победа над Хабиб

Во октомври 2018 година, Конор Мек Грегор се врати во октагон по пауза од 2 години, но беше поразен од шампионот Хабиб Нурмагомедов. Оттогаш, Ирецот зачекори во кафезот само еднаш во јануари, кога го победи Доналд Цероне.

ММА-борецот Дилан Данис, кој му е тренер на Мек Грегор за граплинг, рече дека ќе се обложи дека „Озлогласениот“ ќе го победи „Орелот“ во реванш меч.

Данис верува дека доколку повторно се соочат Мек Грегор е целосно фокусирани и мотивирани, во неговата победа ќе доминира.

„Нивната битка нема да биде ниту езедначена. Ако психата на Мек Грегор е како што е сега, битката воопшто нема да биде оспорувана”, рече Данис. „Верувајте ми – знам какви се способностите на Конор Мек Грегор. Хабиб е рамен борец и Конор ќе го однесе во пет рунди. Погледнете ја неговата последна борба и колку добро се снајде. Тоа беше неговата борба. Јас би се обложил на душата и сè што имам дека Конор ќе го победи Хабиб во нивниот втор меч“.

Во моментов Мек Грегор треба да се соочи со Дастин Пориер на УФЦ 257 на 23 јануари. Според Хабиб, двајцата ќе се борат за место за неговата титула. Против кого, сепак, сè уште не е јасно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО