Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, на 20 август ќе се сретнесо Нејт Дијаз во полусредна категорија на УФЦ 202.
За Ирецот ова ќе биде втор меч во оваа категорија против Дијаз, а навивачите продолжуваат да се прашуваат дали и кога тој воопшто ќе го брани појасот во „перо“ категорија, која ја освои во декември.
Во неодамнешена сесија на прашања и одговори пред навивачите, тренерот на Мек Грегор, Џон Каванаг, не сакаше да одговори на прашањето, кога Ноториус ќе ја брани титулата. „Ммм, да го победиме овој“, изјави Каванаг, избегнувајќи го одговорот.
Каванаг со навивачите дискутираше за претстојниот реванш со Нејт Дијаз, како и за други интересни работи поврзани со Конор. Според него, Ирецот ќе го победи Дијаз во четвртата рунда од средбата. Се друго може да слушнете во следното видео.
https://youtu.be/bFGU7_BCKPU