Тренерот на Махачев очекува поинаква верзија на Оливеира

Тренерот на Ислам Махачев Хавиер Мендез откри какви подобрувања очекуваат да видат од Чарлс Оливеира.

Махачев и Оливеира ќе имаат реванш на УФЦ 294 што ќе се одржи за еден месец во Абу Даби. Битката ќе биде врв на вечерта. Абу Даби е местото каде што Ислам пред една година го задуши Оливеира за да ја освои тогаш празната титула.

Во очите на многумина Оливеира ќе излезе со поинаква стратегија во однос на првата пресметка што ја имаше со Махачев. Дали тоа ќе доведе до поинаков резултат, се разбира, останува да видиме.

„Кое ќе биде најголемото подобрување за Чарлс? Оганот во Оливеира. Ќе биде помотивиран од кога било затоа што му недостига да биде шампион, му недостасува центарот на вниманието. Неговата борба со Дариуш покажа дека е сериозен.

На Дариуш му правеше работи за кои не мислевме дека ќе се случат. Тој само го уништи целосно и насекаде. Значи, ова е човек кој е порешителен од било кога. Не велам дека го потцени Махачев. Не го прави тоа.

Но, мислам дека можеби беше посамоуверен отколку што требаше. Овој пат нема да биде премногу самоуверен и знае дека Ислам е најопасната личност со која се борел“, изјаи Мендез за БЈ Пен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON