Тренерот на бугарската карате репрезентација Димитар Тодоранов станал ипоѓкон во БПЦ, пренесува порталот Религија.мк.
Потсриг добил лично од Западно- средноевропскиот Митрополит Антониј во бугарскиот храм во Берлин.
Владиката отслужил празнична литургија и го вовел Тодоранов во прв степен на богослужбата, пишуваат бугарските медиуми.
Според митрополитот Антониј, Тодоранов е верник, човек кој сам побарал да стане ипоѓакон. Неговата работа ќе биде да му помага на владиката за време на богослужбите. Тренерот има право на световниот начин на живот, да се жени и да оформува семејство.
Покрај тоа што е успешен спортист, Тодоранов е и успешен бизнисмен. Тој бил учител по карате и на американската актерка Ен Хатавеј.
Izvor: Religija.mk