Ентони Џошуа сака да се бори во САД, прв на мета му е Дионтеј Вајлдер

Entoni Dzosua glava

Шампионот во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, се подготвува за дуелот со Владимир Кличко во април, но тоа не го спречува Британецот да ги прави и  идните планови.

Џошуа откри дека има голема желба да се бори на територијата на САД и да го изгради своето име меѓу американските фанови. На овој начин би го следел патот на другите британски боксери како Ленокс Луис, Рики Хетон, Џо Калзаге, Амир Кан и Насем Хамед, кои и се добро познати на американската публика.

Сосема разбирливо, во радарот на „AЏ“ е еден друг светски шампион – Дионтеј Вајлдер. Џошуа изјави оти се надева дека ќе го победи Кличко, а потоа и да добие шанса за обединувачки меч со „Борнзениот бомбардер“.

„Стискам палци да го победам Кличко. Потоа може да размислувам за натпревари во Америка против луѓе како Дионтеј Вајлдер. Тој е во мојот радар. Одамна ја следам неговата кариера. Многу е талентиран. Бил и на Олимписки игри, иако подоцна ја почна кариерата успеа да го зацврсти своето место во спортот“.

„САД е меката на боксот, а нашата цел е да изградиме фанови во Америка. Исто како Луис, Хетон и Хамед што го направија тоа. Наскоро ќе патувам во САД, за да гопромовирам мечот со Кличко и да проверам каков е интересот. Сакам внимание и живеам за овој голем меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО