Тренерот на Фјури: Тајсон уште полесно ќе го победи Кличко во реваншот

Fjuri go udira Klicko

Питер Фјури кој е вујко и тренер на новиот светски шампион во бокс во тешка категорија Тајсон Фјури, изјави дека реваншот со Владимир Кличко не е проблем за новиот светски шампион.

„Кога разбравме дека Владимир одлучил да ја искористи опцијата за реванш, која е напишана во договорот, бевме среќни. Тајсон е многу задоволен да направи втор меч, бидејќи овие двајца боксери се најдобрите во светот. Свесни сме дека Кличко во следната средба ќе биде уште подобар, но веќе реков дека Фјури во првиот дуел покажа само 60 проценти од своите можности. Мислам дека Тајсон на следниот меч уште полесно ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО