Тренерот на Фергусон го најави мечот со Нурмагомедов: Ќе го собориме Хабиб со тактика која никој не ја користел…

Хабиб Нурмагомедов се уште нема пораз и е со стопостотен ефект во ММА борбите. Негов следен предизвикувач веројатно ќе биде Тони Фергусон кој во неколку наврати го провоцираше дагестанскиот борач на социјалните мрежи.

Сега провокативна порака испрати и тренерот на Тони Фергусон, Еди Браво кој истакна дека ќе го нападнат Нурмагомедов на начин со потег другите противници не го правеле.

– Кога станува збор за борба на тоа ниво, не би требало ништо да се прогнозира, но во секој случај одиме напобеда. Знаеме како и да дојдеме до неа. Не можам да ви кажам премногу, но постои една разлика од тоа што досега го правеа сите борци против него и тоа што ќе го правиме ние. Сите бегаа од борба на подот и ја бараа оградата за да се вратат на нозе. Тони не е тип кој ќе направи такво нешто, тој е некој кој од таква позиција ќе нападне и тоа е нешто на што Хабиб не е научен, -изјави Браво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО