Тренерот на Џошуа: Ентони научи многу за Поветкин од мечот со Кличко

Тренерот на актуелниот светски шампион на ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО во супертешка категорија Ентони Џошуа – Роб Мек Кракан, изјави дека неговиот пулен научил многу од борбата на Владимир Кличко со Русинот.

„Поветкин работи добро со телото и треба да умееш да го разградиш. Се движи добро и не треба да му се дава можност да влезе во блиска борба. Ентони мора да го задржи. Кличко ни покажа како да се бориме со Поветкин. Но Русинот е добар борец и опасен противник. Нема да е лесна задачата, но сигурен сум дека Ентони ќе стори сé на рингот“, рече тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON