Хамзат Чимаев доминантен начин победи во борбата со Кевин Холанд, но не доби нови навивачи.
Чеченската ѕвезда направи многу проблеми пред УФЦ 279 кој се одржа на почетокот на овој месец. Чимаев потфрли на мерењето за борбата со Нејт Дијаз и ги разочара сите. Навивачите не престанаа да го критикуваат Чеченецот, кој и го заслужи тоа. И Хабиб Нурмагомедов беше критичен кон „Борз“.
„Орелот“ го советуваше „Борз“ околу себе да задржи добар тим од лојални пријатели. Поточно, Нурмагомедов го советуваше да се опкружи со муслимани за да го чува од неволја. Најмалку еден член од тимот на Хамзат реши да одговори.
Поранешниот борец во лесна категорија на УФЦ, Реза Мадади, го тренираше Чимаев во „Ол старс ММА“ во Шведска и беше во неговиот агол. Мадади му одговори со почит на Хабиб, бранејќи го Чимаев и објасни дека во неговиот агол има добри луѓе, муслимани или други.
„Драг Хабиб, мој брате муслиман. Најпрво би сакал да кажам дека имам најголема почит за вас како спортист и за сите ваши достигнувања во нашиот сакан спорт ММА. Јас сум исто така многу горд на начинот на кој ја претставувате нашата религија, вера и Бог во сите ваши интервјуа и настапи.
Не се согласувам со твојата поента за тоа дека Хамзат нема муслимани околу себе и тоа требаше да биде причината поради која не успеа на мерењето. Тоа што сме муслимани не значи дека сме совршени и беспрекорни. Верувај ми, направив многу грешки во мојот живот, како што многу луѓе знаат.
Со сета почит и Вие. Значи, да кажам дека тим од муслимани би нè направил совршени, мора да не се согласувам. Многу поважно е да имате тим кој се грижи за вас во добри и лоши времиња, без разлика какво верување или религија имаат. И тоа е нешто што го има Хамзат.
Има неколку прашања поради кои Хамзат не успеа, но тие причини остануваат кај тимот. Сè уште е млад и ќе учи од своите грешки. Ако голем шампион како тебе научи од грешките кога не успеа на мерењето, не се сомневам дека тоа ќе го направи и нашиот брат Хамзат“, напиша Мадади на Инстаграм.