Тренерот на Боксерскиот клуб Аперкат, Оливер Станков, оценува дека имале успешен настап на Државното поединечно првенство што се одржа изминатиот викенд во Штип.
Освоени се два сениорски медали, и тоа најсјајните – златни, од Стефан Петрушевски и Тихомир Петровски, како и златен на Јордан Петковски и сребрен на Никола Кисковски во јуниорска конкуренција, а Андреј Трпчевски се закити со бронза во конкуренција на деца.
Аперкат вкупно освои 5 медали – 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.
„Задоволен сум од постигнатите резултати на нашите боксери. Успехот ќе беше поголем ако настапеше Кирил Рајков. Нашиот боксер беше болен, така што здравјето е пред се“, вели Станков и додава:
„Целта е во 2024 година да стартуваме уште посилно и да дојдат до израз преку макотрпна работа и резултатите. Во овие деца има наследници на Гоце Јанески“.
Станков истакнува дека во периодот што следи ќе се фокусираат на техничко-татктичко усовршување и на спаринг-борби.
„Се се постигнува со работа и желба за успех“, порача Станков.
Државно поединечно првенство:
Деца
57 кг
Андреј Трпчевски – бронзен
Јуниори
75 кг
Јордан Петковски – златен
80 кг
Никола Кисковски – сребрен
Сениори
57 кг
Стефан Петрушевски – златен
86 кг
Тихомир Петровски – златен