Тренерот го советува Кличко сега да се бори со Џошуа

klickovi-so-trenerot

Тренерот на украинскиот профи боксер Владимир Кличко, Џејмс Али Башир, е незадоволен поради одложувањето на дуелот со Ентони Џошуа.

Во принцип боксерите имаа романтичен датум за средба во рингот, но повредата на Кличко го одложи мечот за пролетта 2017 година, пред тоа Џошуа мора да победи во доброволната одбраната на титулата во верзија ИБФ против Американецот Ерик Молина на 10 декември во Манчестер .

„Работев четири недели со Џошуа и верувајте ми – тој има неверојатно силен удар! Му реков на Владимир дека ако сака да се бори и да го победи Џошуа, тогаш, моментот е сега, додека е уште млад и зелен. Тој расте со секој меч и по една година ќе биде многу комплицирано да биде поразен“, вели Али Башир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО