Тренерите на карате репрезентацијата ветуваат медали од ЕП во Кипар (ФОТО)

karate rep2016-02-02 11.20.04

Македонските карате репрезентативци вечерва патуваат за Лимасол, Кипар, на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 годиона од петок до недела, со една еднствена цел да го одбранат ренмето на македонското карате и да се закитат со повеќе трофеи на најмасовниот континентален собир досега.

На ЕП во Кипар учествуваат 940 каратисти од 48 држави.

karate arlin sapseski i ace

Тренерите на репрезентциите, Арлинд Хусеини и Александар Кузмановски, веруваат во своите пулени,нагласувајќи дека се добро подготвени и може да очекуваме медали.

„Целта ни е достојно да ја претставиме Македонија, а освојувањето на медали е секогаш можно кога се има квалитет и желба“, рече тренерот на кадетско-јуниорската репрезентација Александар Кузмановски на прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт.

Тренерот на репрезентацијата во У-21 исто така е задоволен од подготовките и посебно укажува на подготвеноста на машкиот дел од екипата.

„Ќе настапиме со навистина спремни натпреварувачи, кои се зрели за освојување медали. Никого посебно не можам да издвојам во машкиот дел од репрезентацијата, од сите очекувам медали на Европскиот шампионат“, изјави Хусеини и додаде дека и во женскиот дел може да очекуваме медал, иако таму кавлитетот е на пониско ниво од машкиот дел. Тој очекува да продолжи серијата на успеси на Берат Јакупи, Симона Заборака и другите.

„Поддршката која АМС ја дава на Карате федерацијата е оправдана, пред се, поради огромниот напредок на македонските каратисти во сите возрасни категории. Нивните успеси се мотив повеќе за взаемна соработка особено кога се очекува можен влез на каратето во олимпискиот циклус на игри. Се надевам дека ќе имаме вистинска причина за повторна средба по враќањето од Кипар“, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.

Моника Пендаровска, двократен европски медалист во кадетска и јуниорска категорија, младите надежи Столе Смилковски и Фаик Весели, како и Виктор Крстевски, кој годинава преминува во повисока категорија до 21 година и досега има освоена два медала од ЕП, се дел од нашите адути за медал.

Картистите истакнаа дека се подготвени и дека ќе дадат се од себе за да освојат медал.

Karate reprezentcaija podgotovki Tomce Sofka 30-31 januari 2016

На претходниот шампионат во Цирих-Швајцарија, Вероника Костовска стана европски шампион во кадетска конкуренција, а Петар Заборски го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција, додека Пенадовска беше трета.

Ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО