Максамовци имаа огнено ММА крштевање во Земун (ФОТО)

Maksam vo Zemun 2016 2

Натпреварувачите на ММА клубот „Максам“ од Прилеп минатиот викенд настапија на аматерски меѓународен турнир во мешани боречки вештини и кик -бокс К-1 во организација на клубот „Таурунум“,  при што неискусните Наумче Трајкоски -83 кг,Христијан Граороски -64 кг и Христијан Тасески -64 кг се сретнаа со далеку поискусни противници и беа поразени.

Maksam site vo zemun

„Имавме тешки борби со многу поискусни противници кои доаѓаа од одлични клубови. Ако се земе предвид дека двајца противници беа од тимот Душан Џакиќ, а еден од тимот на профи борецот Стефан Звер ,тогаш веќе се е јасно. Станува збор за јаки клубови со силни и искусни тренери. Борци кои се подгутвуваат во одлични услови, опремени сали, целосна опрема и услови за таков тип на тренинг. Двајца наши борци за прв пат учествуваа на ваков турнир, пресудна беше и тремата и неискуството, а најголем противник ни беше патувањето, студот и заморот по пат за Белград“, вели нивниот тренер Пеце.

Maksam vo zemun 2016 3

Сепак, тој нагласува, дека е добро тоа што, и покрај поразите, ниту една борба немала завршница, немало нокаути или повреди. Сите борби се решени на поени со судиска одлука.

Maksam voZemun 2016

„Нашите борци се покажаа одлично, се снајдоја дури и во одредени момети доминираа во борбите .Тоа се млади и надежни борци, двајца се по 18 години, а еден е 16,чие време допрва доаѓа. Сепак, најважно ни беше што учествувавме на еден ваков турнир, за да стекнеме искуство и да го промовираме на нашиот тим. Имавме прилика да се запознаеме и со светски имиња од светот на боречките спортови, како што се Душан Џакиќ,Васо Бакочевиќ-професионален ММА борец и Стеван Живковиќ, европскиот профи шампион во кик бокс. Ова беше едно мнгу големо искуство за сите, кое понатаму ќе ни користи во следните активности и натпревари“, истакна Пеце.

Mkasam vo zemun 2016 4

Прилепчани му се благодарни на Дејан Стефановски кој се подготвува за мечот во Греманија, бидејќи цело време бил со нив. Им помагал и им давал поддршка на нашите борци.

pece i dejan vo zemun

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО