Трансродва жена, поранешен специјалец, дебитира во ММА (ВИДЕО)

38-годишната Алана Меклaфлин победи во својата прва ММА борба во кариерата поразувајќи ја Селин Провост. Пред да се реши да биде ММА борец во женска категорија, Меклaфлин беше машко и служеше неколку години во Ирак како специјалец во американската армија.

Борбата се одржа во организација на Комбат глобал, а како што објаснува победничката еден од најголемите предизвици било да се најде жена која ќе сака да влезе во ринг со поранешниот армиски специјалец.

Пред борбата Меклaфлин ги минува сите медицински тестови и добива одобрение и од хормонскиот панел, кое задолжително го бара Државната комисија за бокс на Флорида.

Меклaфлин ја порази Провост со давење од зад грб по 3 минути и 32 секунди од втората рунда.



0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО