Трамп категоричен: На Американците им е потребен спортот – ајде да играме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, како голем поклоник на ММА, му честиташе на првиот човек на УФЦ Дана Вајт за одржаниот први настан во времето на пандемијата од коронавирусот во Џексонвил на Флорида. Тој повика дека е време спортот да се врати бидејќи им е потребен на Американците.

„Ајде да играме. Вие одржувајте социјална дистанца и што и да е потребно, но на нас Американците ни треба спорт. Сакаме тој да се врати“, изјави Трамп.

И покрај враќањето на УФЦ, Вајт се соочи со проблем бидејќи мораше да ја откаже главната борба меѓу Роналд Соуза и Уриа Хала, бидејќи Соуза непосредно пред двобојот беше позитивен на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО